Твојата бивша, твојата вечна љубов 3

Беше тоа првиот пат јас да предложам да се видиме со бившата на мојот свршеник и нејзиниот дечко кој по некоја случајност е негов најдобар другар.

“Ајде да излеземе оваа вечер со нив”, му предложив, а него му засветкаа очите од љубов, сигурно беше среќен што ќе го види својот пријател, нели?

Се запрашав дали некогаш ме сакал навистина, дали некогаш очите му светкале на таков начин за мене? Се плашев да си го одговорам прашањето.

Ми рече дека веднаш ќе започне да се подготвува, а јас му реков дека ќе го известам неговиот пријател кој таа вечер стана мој најдобар пријател.

Решив да се јавам од неговиот мобилен, а кога го свртив бројот, титкањето на сигналот ми предизвикуваше нервоза, имав лошо претчувство, очекував да се јави пријателот, но се јави таа.

“Здраво душо”, ми се обрати мислејќи дека тоа е мојот свршеник, нејзината бивша, нејзината вечна љубов. Здраво, тука е неговата свршеница, слушнав како подголтнува менувајќи го тонот на гласот.

Се надевам не ти пречи тоа што мислев дека е тој и го поздравив со” душо”. “Секако, не ми пречи воопшто, сега тој е мој свршеник, вашето е веќе одамна завршено, зошто би ми пречело.”

Почувствував љубомора во нејзиниот глас со кој го потврди мојот краток говор одржан за да ја изнервира.

Се јавив да ви предложам да излеземе заедно вечерва, јас, ти, твојот дечко и мојот свршеник, би била добра идеја, нели? Веќе две недели се немаме видено, а јас би сакала да разговарам со тебе кога ќе ни се пружи прилика вечерва.

Зборував со тон кој мислев дека ќе предизвика сомнеж кај неа, сигурна сум дека во тој момент низ глава и поминаа сите тие работи кои што ги правеше со мојот иден, несуден сопруг зад мојот грб. Секако, има некаков проблем?

“Бинго!” Не, реков смирено само сакам да ми дадеш женски совет околу една дилема која ми се врти во глава последните неколку денови. Секако душо, ќе ги натераме мажите да купат нешто од продавница за да останеме малку сами. Не грижи се, ќе позборуваме како две жени.

Кога не би знаела дека ме мрази и го позајмува мојот свршеник кога ќе посака, после овие речници би поверувала дека навистина се грижи за мене.

Го договоривме тајмингот и местото токму кога мојот свршеник излезе од бањата со крпа околу половина, неговото тело беше мускулесто, косата црна, а очите зелени, за момент се потсетив зошто се заљубив во него.

Но, сега тоа не беше важно, важно беше да го натерам да си ја тргне маската од лицето за кое некогаш мислев дека е толку убаво и невино, а денес во него гледам само грдосија позади сета таа порцеланска убавина. Неговите зелени очи, ми предизвикуваа гадење во минатото, а денес ми предизвикуваат горчина.

Ја спуштив слушалката и се упатив кон него. Сме немале секс веќе еден месец, а јас ја знаев причината за таа негова ненадејна незаинтересираност за моето тело.

Колку долго ли ме изневерува, се запрашав тргајќи му ја крпата од половината. Го прегрнав така гол, но не почувствував срцебиење како во минатото.

Немав желба за секс ниту јас, а за него да не зборувам. Легнавме на креветот, започнав да му ја милувам косата. Чувствував како да го правам тоа за последен пат, а не знаев дека навистина ќе биде последен.

Инстинктот ми кажа дека доколку сакам уште еднаш да водам љубов со него, ова е мојата последна шанса. Зедов презерватив од фиоката во која ги чувавме, но никогаш не ги употребувавме бидејќи имавме секс без нив и му предложив за прв пат да почувствуваме која е разликата.

Но, не сакав јас да ја почувствувам разликата со заштита, сакав да ја почувствувам разликата меѓу мене и него, откако повторно ја зел неа во прегратки безброј пати.

Се се одвиваше како што очекував, механички, без страст, започнав да плачам гледајќи ги неговите гради како се движат горе долу, се потсетив на нашиот прв секс. Но, морав да се совземам.

Кога ме праша зошто плачам, му одговорив дека не знам, жените понекогаш плачат без причина. Сфатив дека никогаш повторно нема да водиме љубов, бидејќи едноставно не постоеше повеќе љубов помеѓу нас.

Секако дека ми поверува во тоа, бидејќи не го интересираше вистинската причина, не го интересирав јас, зошто би се грижел. Започнавме да се облекуваме, решив таа вечер да бидам во свое најубаво издание, сакав последниот пат кога ќе ме видат, мојата појава да им остане врежана во сеќавањето.

Додека се упатувавме во ноќниот клуб еден час пред полноќ, не помина маж покрај нас кој не остана со очите вперени во мене. Сигурна бев дека тој не чувствуваше љубомора, но барем почувствува дека лесно ќе му најдам замена ако замине.

Имаше само едно слободно сепаре на вториот кат од ноќниот клуб, а јас бидејќи го познавав менаџерот решив да го замолам да ни го даде додека не дојдат луѓето кои го резервирале.

Се согласи, седнавме еден до друг, неговиот парфем ми мирисаше на старите денови, ми мирисаше на таа вечер кога за прв пат прифатив некој да седне до мене на шанкот во истиот клуб.

Повторно ми се насолзија очите, но знаев дека не смеам да ја уништам шминката.

Тие доцнеа половина час од договореното, сепак не се сомневав дека ќе се појават, таа за ништо на светот не би пропуштила средба со него. Се појавија после еден час доцнење, кажувајќи дека имале проблеми со полиција по пат, им го проверувале автомобилот бидејќи ист таков бил пријавен за кражба таа вечер.

Седнаа наспроти нас, ме изненади, денес одлучила да облече кратко фустанче под кое ѕиркаше нејзиниот целулит. Барем да ме изневеруваше со некоја поубава си помислив, но знаев дека човек не се заљубува во физичката привлечност на друг човек.

Се заљубува во неговата душа, а тој беше заљубен во нејзината, секако доколку ја има, си реков саркастично во мислите со кои го лечев своето повредено его.

Морам да одам до тоалет, им реков на момците, а неа ја прашав дали сака да ми прави друштво. Се согласи нормално, но беше изненадена што не го применивме нејзиниот план за останување насамо.

Пробивајќи се низ луѓето кои играа на подиумот стигнавме до тоалетот. На мое изненадување беше празен што беше многу чудно за еден ноќен клуб, знаеме дека секогаш се чека ред доколку сакаш да отидеш во тоалет.

Се погледнав во огледалото и собрав храброст да ги изустам зборовите “Јас сум бремена, но не знам како да му го кажам тоа на мојот свршеник. Се двоумам дали да му го кажам сега или после свадбата, што мислиш ти?” Со оваа лага или ќе ја натерав да ми каже дека ме изневерува со неа во афект или ќе направи скандал, но таа направи нешто сосем трето кое никогаш не би ми паднало на памет.

Подголтна, но успешно ја прикри својата лутина измешана со тага и љубомора, местејќи си ја косата во огледалото до мене. Ова ли беше твојата дилема, ме праша ладно.

Да, би сакала да ми дадеш женски совет, што би направила ти? Ми рече дека не знае, бидејќи и таа се наоѓа во иста ситуација, во истиот момент го испуштив мобилниот од раце.

Слушнав звук на кршење на подот кој не знам дали беше на телефонот или на мојата вилица. “Бремена сум веќе еден месец, но не знам дали да абортирам.”

Сакав да ја прашам зошто да абортира кога може да му каже на момчето и да одлучат заедно да го гледаат детето, но веќе го знаев одговорот. Тоа дете не беше од најдобриот пријател на мојот свршеник, нејзиниот дечко, тоа дете беше од мојот свршеник, нејзиниот бивши.

Ќе мора да одлучиме што ќе правиме наскоро и реков излегувајќи од тоалетот, ми требаше воздух во кој не е вмешан нејзиниот мирис. Излегов надвор за да се смирам, а потоа се вратив назад, глумејќи во таа шпанска серија на која и се гледаше крајот.

Таа веќе беше сместена на сепарето, а мојот свршеник зборуваше со пријателот, смеејќи се на глас. Во минатото ми беше слатка неговата гласна насмевка, сега ми личеше на идиот кој не знае да си ги задржи забите зад устата.

Седнав до него, на масата веќе порачале црвено вино, беше очигледно дека не ја знаеја целата ситуација. Јас всушност можев да пијам, бидејќи излажав за мојата бременост, но се прашував дали таа го направи истото.

Инстинктот ми кажуваше дека била искрена, а мојот инстинкт никогаш не греши, можев да ја забележам нејзината збунетост на лицето кое збрчкано се гледаше во една точка кон шанкот.

“Јас ќе одам да купам цигари”, рече мојот свршеник, а таа реши да му се придружи со изговор дека не се чувствува добро и мора да излезе на воздух. Знаев дека никогаш повторно нема да ги видам.

Седнав до пријателот на мојот бивши свршеник кој уживаше во виното и го прегрнав. Зачуден ми возврати на прегратката, а јас не можев да се воздржам да не пуштам солзи повторно.

Го почувствував неговиот пијан здив како продира низ моите ноздри, ме праша зошто плачам. “Да не плачеш случајно затоа што заминаа заедно?

Па тие се само бивши, нема да се смират доколку одат на продавница,” ми рече избувнувајќи во смеа која знаев дека таа вечер ќе се претвори во солзи.

Поврзани статии

Pin It on Pinterest

Share This