Тој ја сака на начин на кој што ТАА сака да ја сака, жените паѓаат на тоа

Ја гледам на фотографии, изгледа среќна, со него. Но, ја знам јас неа, во очите и гледам, се уште ме сака. Можеби си умислувам, сигурно си умислувам, зошто би ме сакала се уште, што и дадов за да ја запомни нашата љубов? Која љубов, никогаш не дозна дека всушност ја сакав.

Боже колку ја сакав, но никогаш не и признав, не сакав да се занесува, да се дигне во облаци. Каков глупак сум јас, требало јас да ја дигнам во облаци, наместо тоа ја дрецнав од земја.

Што ли видела во него, не знам дали ова е знак на љубомора, но кога би бил девојче, никогаш не би одбрал некој како него. Зелени очи, црна коса, специфична насмевка, густи веѓи, бемка на образот, правилни заби. Сигурно сум љубоморен. Впрочем не е важен неговиот физички изглед, штом таа го одбрала значи е навистина убав, но во душата. Сигурно е добар човек.

Но, зошто тогаш ме одбрала и мене во минатото? Сигурно и јас сум делувал за добар. Не знаеше дека во мене се крие ѓавол маскиран во анѓел. Дали го сака како што ме сакаше мене? Што има во него толку силно што ја натера да ме одбие кога последен пат ја побарав да ми се врати, откако по стоти пат ја избркав?

Можеби го сака повеќе отколку што ме сакаше мене, поради тоа ли? Кога подобро ќе размислам, веќе го знам одговорот на прашањето, но се плашам да го кажам на глас. Тој ја сака на начин на кој што јас никогаш не умеев. Ја сака на начин на кој што ТАА сака да ја сака, жените паѓаат на тоа. ТАА падна на тоа.

Поврзани статии

Pin It on Pinterest

Share This