Сакам да најдам некој со искра во очите, изгаснат пожар во срцето

Сакам да најдам некој со искра во очите, изгаснат пожар во срцето.

Сакам да најдам некој што без зборови ќе ми кажува дека ме сака. Сакам да најдам некој што ќе ме третира како да не сум негова, но ќе ме освојува секој ден, одново и одново.

Сакам да најдам некој што нема да се откаже после првата препрека, сакам некој што наместо sид, ќе изгради мост пред мене, мост по кој ќе чекориме заедно кон иднината.

Сакам да најдам некој кој со мене ќе ја планира иднината, ќе го заборава минатото и ќе го живее моментот. Сакам да најдам некој што нема да стане НИКОЈ после одреден период, сакам да најдам некој што ќе ме разбира без зборови, сакам тишината да биде нашиот заеднички збор кој ќе ги искажува сите наши немири, а воедно и ќе ги смирува, како дим од цигара вовлечен во усните кој полека заминува, се губи во височините. Исто како што нашите погледи би се губеле еден во друг.

Поврзани статии

Pin It on Pinterest

Share This