Пронајди се себеси со тоа што ќе се изгубиш

Понекогаш вистинскиот начин на кој ќе се пронајдеш себеси е само ако се изгубиш од сè останато, освен од себе.

Доколку се прашувате како се прави тоа, следува објаснување кое ќе биде сфатливо за сите оние кои се чувствуваат изгубени, а сакаат за брзо да се пронајдат во нова димензија.

1. Пронајди се себеси со тоа што ќе се изгубиш од лажните пријатели

Зошто сè уште воопшто ги трпиш, кога знаеш дека ти прават лице?

Веднаш откачи ги и оддалечи се од сите лажни личности во твојот живот. Инстинктот ќе ти покаже кои се тие, доволно е да го послушаш и да се оддалечиш веднаш, без објаснение, тие ќе ја сфатат причината сами.

2. Пронајди се себеси со тоа што ќе се изгубиш од околностите кои не ти одговараат

Независно дали се работи за работа, градот во кој живееш, улицата, твојот дом кој не го чувствуваш како дом и слично.

Запомни дека сам ги креираш околностите и мора да ги уништиш овие кои не ти одговараат, за да склопиш нови, а можеш и само да избегаш од нив наместо да ги уништуваш.

Изборот е само твој.

3. Пронајди се себеси со тоа што ќе оглувиш и ослепиш

Звучи чудно и комплицирано, но всушност е многу едноставно.

Пронајди се себеси со тоа што ќе ги слушаш сопствените зборови и ќе го почитуваш сопственото мислење, наместо туѓото и ќе ослепиш за сè што не сакаш да гледаш, освен за она што ти одговара тебе.

4. Пронајди се себеси со тоа што ќе се оддалечиш од сè останато освен самиот себеси

Оддалечи се од сите околу тебе на мирно место, кое знаеш дека ќе ти помогне повторно да се пронајдеш себеси, но никогаш не се оддалечувај од самиот себе, бидејќи само така ќе се пронајдеш навистина.

5. Пронајди се себеси со тоа што ќе изгубиш сè што имаш, за да добиеш сè што отсекогаш си посакувал

Доколку пронаоѓањето на себеси во твојот случај значи да изгубиш сè што имаш, вложи го сето тоа и стави го на коцка, превземи ризик, верувај нема да се покаеш.

Можеби ќе изгубиш сè што имаш кога ќе се пронајдеш себеси, но ќе добиеш сè што отсекогаш си посакувал, а воедно ќе се добиеш и себеси во нова димензија, подготвен да го зграпчиш животот.

Поврзани статии

Pin It on Pinterest

Share This