Одлучив да не стапам во брак никогаш и тоа е мојата најдобра животна одлука

Можеби сум млада девојка која не сака да се обврзува за скоро, но колку повеќе размислувам, сфаќам дека не постои шанса да го променам мојот став околу бракот во иднина.

Јас всушност не сакам да се обврзам никогаш за никого на лист хартија и прстен на рака, со зурли и тапани, поради озборувањето на околината. Мене не ми е гајле за нив, бидејќи животот е мој и јас имам право да одлучам дали ќе го живеам омажена или не.

Многу од моите врснички не само што се омажени на нивни години, туку имаат исто така и деца, што мене ми делува многу чудно. Јас едноставно, не можам да ги разберам.

Покрај живот исполнет со патувања, познанства, љубовни врски без сериозни обврски, следење и остварување на соништата, осознавање и што уште не, тие одбрале заробување во четири sидови со дете во рака, иако самите се уште се деца.

Според мене бракот е заробување, знам дека нема да се согласите со моето мислење, но имам право да го искажам. Не разбирам зошто девојките сакаат да се омажат, можеби затоа што им вршат притисок од дома или пак околината е таа што ги притиска индиректно со озборувања.

Таквите девојки кои се омажиле поради банални работи кои не треба да им бидат важни, како што се мислењето на сопственото семејство, пријателите или околината, јас ги осудувам. Не затоа што се омажиле, туку затоа што немаат мозок.

Девојки, зарем сте толку глупави да се омажите само поради озборувањата на комшиите и стравот да не останете немажени или пак притисокот од семејството?

Доколку би се омажила некогаш, тоа би го сторила со личност која сум сигурна дека е онаа вистинската, на начин на кој што сакам јас, на возраст која што јас сметам дека е складна, а доколку не најдам складна личност никогаш и да не се омажам, тоа мене нема да ми пречи.

Бидејќи, бракот не е ништо освен формалност на хартија без која се живее заедно со саканата личност и мислам дека во наредните неколку децении, целосно ќе исчезне терминот брак, а луѓето конечно ќе сфатат што сакам да кажам.

Бракот е преценет, помирете се со тоа и престанете да ги притискате луѓето околу вас да се омажат или оженат, бидејќи некои глупави кои ќе ве послушаат, може да го сторат тоа со погрешната личност и да си го уништат животот.

А вие кои сте притиснати, едноставно игнорирајте ги таквите личности кои живеат во старо време и за комшиите и живејте си го животот на ваш начин.

Бидејќи вашиот живот е само ВАШ и никој не смее да одлучува за него, освен вие самите.

Поврзани статии

Pin It on Pinterest

Share This