Не сум јас вашата принцеза од бајките

Не сум јас вашата принцеза од бајките, иако на лицето ми пишува надеж, усните знаат дека не постои, иако на срцето ми пишува слободно, верувајте затворено е.

Иако на раката ми пишува, дофати ме, таа ќе ве залажи и ќе ве изгори, ќе ве стисне толку силно што никогаш нема да ја заборавите, но исто така силно што ќе ги скрши сите ковчиња на вашата дланка.

Ќе ве здоболи до срце, бидејќи сте и верувале, а не требало, ќе заплачете, бидејќи сте направиле да се насмевне милион пати, не знаејќи дека, ТАА не заслужува.

Не заслужува, не дека е лоша, едноставно не сака, да би посакала би добила се, дури и вашата прошка, бидејќи знае како е да простиш на некого кој ти бил надеж и љубов за подобро утре.

Знае како да направи да и простиш, бидејќи и самата простувала милијарда пати.

Не сум јас вашата принцеза од бајките, ниту вие сте моите принцеви на бели коњи, причината за тоа што е така како што звучи е многу едноставна. Јас повеќе не верувам во бајки, принцеви и принцези.

Поврзани статии

Pin It on Pinterest

Share This