Најлошиот ризик во вашиот живот е да не превземате ризик

Уживате во монотонијата на секојдневието, но сепак посакувате нешто спонтано кое ќе ја размрда вашата глава и ќе ви го пружи адреналинското задовлство кое сигурно сте заборавиле како изгледа. Работа, дома и обратно, нели? Не превземате никаков ризик, бидејќи ви одговара да седите во вашата комфортна зона, не обидувајќи се да си го направите животот поинтересен и поквалитетен.

Но, знаете ли што? Животот е еден и вие треба да го направите вреден за паметење. Превземајте ризик, направете нешто неочекувано и некарактеристично за вас. Скокајте со падобран, скијајте на највисоката стрмнина и живејте го животот на работ на ивицата барем еднаш.

Бидејќи најголем ризик во животот е да не превземаш ризик, така ризикот ќе започне да те заборава. Ќе исчезне од твојот живот и на негово место ќе настапи досадата и отчукувањето на часовникот на вашиот живот кое ќе биде се погласно во вашите уши. Што имате да загубите доколку превземете ризик?

Ако ризикот не се исплати, ќе се брои искуството, но ако се исплати, тогаш наградата ќе биде само ваша. Ќе се чувствувате задоволно и исполнете во секоја пора и клетка од вашето тело. Ќе се чувствувате живи.

Без разлика за кое поле и да се работи во вашиот живот, превземајте ризик, тоа е она што ве одржува во живот. Не бидете само обичен човек кој ќе исчезне незабележително.

Бидете вие, бидете најдобри и истакнете се над сите. Превземете ризик, секој ден, нов ден, нов ризик, тоа нека биде вашето мото. Бидејќи, најлош ризик кој може да го превземете во вашиот живот е да не превземете никаков ризик.

Поврзани статии

Pin It on Pinterest

Share This