Related Posts
Comment ( 1 )
  1. Кога губиш, губиш! Тоа е точно другар, тоа е точно затоа што ја имаш изгубено личноста што најмногу ја сакаш. Жално е кога треба да ги избришеш сите тие солзи и спомени кој завиваат во ноќта, нели… Секој од нас сонува да ја држи саканата личност за рака цел живот и да биде среќен. Пред мое, твое или било кое време постоела љубовта, среќата, тагата, надежта…ете, ете ти ја магијата на оваа земја и таа се вика живот. Повеќето од нас биле изгорени од огнот на љубовта… Каква и форма да земе (пријателска, фамилијарна, партнерска), секогаш, ама баш секогаш ќе боли, само на различен начин… Немој да мислиш дека не си разбран, дека си сам… епа не си!! Не има илјадници, милиони… Секој од нас го преживува тоа на различен начин.
    Ќе побарам од тебе разбирање, но не кон мене, туку во тоа што ќе ти го кажам, а како го знам, не мора се да разбереме и знаеме… Ќе ги тргнам сите религии и ќе ги спојам во силата на универзумот. Ете баш тој истиот универзум мора да има баланс меѓу доброто и лошото, меѓу љубовта и омрзата… Ја изгуби, но чекај не може да ја добиеш наградата, не сеуште!! Мора време, подвизи, предизвици, среќа, тага, чуства…. Треба ова се да го поминеш другар и нема ни најмалку да биде лесно, ќе поминеш низ пеколот, години и години ако треба, само од ТЕБЕ зависи дали ќе излезеш од него. Можеш и 5 животи да заглавиш во него ако мислиш само на едно. Понатака е филозофија самата по себе и премногу е тешка. Знај само едно, понекогаш не го избираш ти Патот, Патот те избира тебе, мора да има причина, дури и да не ја видиш и разбереш одма, дај си време, дај му време на времето. Го знам овој брз живот, но ако избрзаш премногу ќе се сопнеш бар од 10-тина дупки, а секој пад може да заврши фатално… Цел живот одам на овие две нозе и имам изодено добра километража, но на крајот им се заблагодарив што издржале и почнав да трчам, затоа што они ме издржаа кога ми беше најтешко, време е да им се заблагодарам со тоа што ќе ги направам појаки, па така другар и ти, дај си време, дај му време на времето и почни да газиш, да учиш нови работи, стани мајстор во било што… Биди нешто, биди некој, затоа што ако не го одбереш сега тоа, тоа ќе те одбере покасно тебе. Жал ми е што животот е толку тежок, неблагодарен и не фер, но благодарен сум на животот за тоа што имам живот. Дури и да не ми е јасно зошто живеам, можеби последна задача во животот ќе ми биде овој текст кој ти го пишувам од срце, а не те ни знам. Не ја знам ни ѕвездата над мене, но ми свети секоја вечер и изгледа магично секоја вечер. Имај убав ден утре, види како се смее сонцето, те покрива снегот, те галат есенските лисја, те предизвикуваат планинските патишта, како те чека мајка ти и татко ти дома со насмевка…Доста е тага…Живеј исполнето!!

    Reply
Leave a reply