Јас сум ТАА

Јас сум ТАА девојка. Која? Таа што секогаш ќе ја паметиш, различната, чудната, избувливата, на моменти многу смирена, а во тие моменти, можеби најкревка или најопасна, ни самата не знае, неодлучната.

Јас сум таа девојка која секогаш внимава на деталите, ситничарката.

Баш таа која може да те сослуша и да ти даде искрен совет кој нема да го послушаш. Таа, твојот личен психијатар без лиценца. Таа што секогаш ти удоволувала, те разбирала, се ставала во твоја кожа за да ги почувствува твоите морници, таа која секогаш се трудела да научи што повеќе гледајќи во тебе нејзин гуру, таа која се трудела да разбере кои се нештата што те плашат, таа која ти давала храброст да ги убиеш истите.

Е таа, токму таа, за на крај да ја избркаш, отфрлиш и понижиш на културен начин на кој што умееш само ти. Таа јаката, која мислиш дека ќе издржи се, бидејќи секогаш издржувала. Таа, издржливата, но не за долго. Таа која понекогаш го пие кафето благо, бидејќи животот и е горчлив, а понекогаш горко, онака колку за промена. Таа девојка која не учи на туѓи грешки, бидејќи сака да прави свои, мислејќи дека така полесно ќе ја научи лекцијата. Таа девојка што го мести приборот за јадење под линија и чисти кога е нервозна. Таа девојка која не се чувствува удобно доколку едно влакно се истакнува од нејзината коса.

Ете, јас сум таа девојка која секогаш ќе се трудиш да ја заборавиш, но никогаш нема да успееш, бидејќи си свесен за мојата уникатност. ТАА сум. Баш таа девојка ти го промени животот, а на крајот ќе исчезне по твоја вољја и нејзин инает. Кога ќе се случи тоа, ќе се сетиш на сите културни шамари кои си ми ги удрил, но тогаш нема да бидам јас таа што ќе ги почувствува, ќе те удрат тебе со сета сила како бумеранг.

А јас? Јас ќе си останам ТАА. Своја и со крената глава.

Поврзани статии

Pin It on Pinterest

Share This