Доколку го правите ова во сексот, вие не се почитувате себеси воопшто

Во животот постојат работи кои ги правиме, а истите не опишуваат какви сме како личности без да бидеме свесни за тоа.

Како на пример, начинот на изразување, говорот на тело, несвесните потапки или пак сексуалните навики. Верувале или не, сексуалните навики откриваат дали вие се почитувате себеси или не.

Како што веќе знаете, почитта кон себеси е најважна, бидејќи без неа нема да постои самодовербата, а без самодовербата нема да ги постигнете посакуваните цели во животот.

Затоа, доколку сте сексуално активно, следната работа која ја применувате или не во сексот открива дали се почитувате себеси.

Оргазам.

Тоа е она кое ве издава како личност која се почитува себеси или не се почитува воопшто. Како? Едноставно е. Ако не посигнуваш оргазам за време на секс,  тоа значи дека твоето задоволство го ставаш на последно место.

Во спротивно, покажуваш почит кон себеси со тоа што се грижиш и за себе, толку колку што се грижиш за задоволството на партнерот за време на секс.

Можеби ќе се запрашате зошто ова е знак на непочитување кон себеси, а следното образложение ќе ви појасни. Според психолозите, човек кој е сексуално активен и не доживува оргазам значи дека не се почитува себеси доволно, бидејќи извршува активност без цел.

Доколку извршува активност без цел, тоа значи дека си го троши времето бесцелно, а времето не може да се врати назад. Таквиот човек ги задоволува само потребите на другите во животот, бидејќи со тоа што не доживува оргазам, покажува дека се фокусира само на туѓо задоволство, а своето го изоставува.

Тоа е непочитување кон себеси. Доколку пак човек не е сексуално активен во моментот, а не мастурбира, тоа повторно покажува дека не се почитува себеси доволно, бидејќи секојдневно е преокупиран со обврски и не се обидува да најде време за да се посвети на себеси.

Доколку се обиде, сигурно дека ќе најде, но тој не сака да најде време за да одмори, а не пак камоли за да мастурбира.

Ако се пронајдовте во овие два случаеви во кои не постигнувате оргазам, време е да се запрашате колку навистина се почитувате себеси штом си скратувате едно од најубавите задоволства во животот.

Со одговор на ова прашање ќе си одговорите многу други прашања поврзани со вашиот карактер. Исто, ќе сфатите и дека почитта кон себеси и времето потрошено на остварување сопствено задоволство се едни од најважните работи во животот.

Поврзани статии

Pin It on Pinterest

Share This