Денес отворив два подароци, тоа беа моите очи

Беше роденденот на мојата мајка, а јас целосно го изумив. Ме повика на ручек, се договоривме да се чекаме во центар. Додека ја чекав, се сетив дека денес е нејзиниот роденден.

Избезумена се завртив да видам дали околу мене има цвеќара од која би купила барем неколку ружи. Немаше ништо, во истиот момент таа пристигна и ме дофати за рамото, ме праша зошто сум толку збунета.

Додека баравме ресторан и го честитав роденденот и срамежливо признав дека не сум купила подарок, бидејќи доцна се сетив. Таа се заблагодари на честитката и ми рече дека денес добила и тоа два подароци од мене.

Зачудена се запрашав за што зборува, си помислив дека мојот брат или татко направиле нешто во мое име. Тие два подароци кои ги добив се твоите очи, не ми е потребен друг подарок за роденден, ти си мојот подарок.

Од денес ова повторувај си го секое утро кога ќе се разбудиш во постела. Сакај се себеси на начин на кој што те сакам јас, не можеш да ми поклониш поубав подарок од тоа, бидејќи запомни дека ниеден подарок не е поубав од животот.

Кога само сите луѓе би размислувале вака, си реков во себеси. Поминавме одличен ден со мојата мајка за нејзиниот роденден кој остана во моето сеќавање, не само поради лекцијата која ми ја одржа таа, туку и поради тоа што сфатив дека треба истата да ја научам на памет.

Му ја раскажав на сите блиски и ги натерав секое утро кога ќе се разбудат да ја повторат реченицата на мајка ми: “Денес отворив два подароци, тоа беа моите очи.”

Ова беше подарок за паметење кој можат да го отвараат сите секое утро, отворајте го и вие секој ден, заблагодарувајќи се за луксузот кој го добиваат сите луѓе, но не секој го цени.

Поврзани статии

Pin It on Pinterest

Share This