Related Posts
Comment ( 1 )
  1. Кога доаѓа возот кон поубав свет?
    Го фатив пенкалото во рака после долго време, го пуштив срцето на хартијата да игра како мало дете, посакав да го вратам времето и да почнам да живеам одново.
    Но овој пат не им дозволив на солзите да ги размачкаат буквите, ја повикав насмевката да блесне на моето лице и да го осветли патот по кој чекорам, ми помогна да не паднам во некоја бездна по темниот пат.
    Живееме во еден полн, но празен свет, во едно време кога треба да веруваш само на себе.
    А всушност, веруваш ли и ти самиот во она што го кажуваш?
    Не, болката не ти може нипто ако си решил да се борип и да успееш. Можат да те газат, да те мразат, и илјада ножеви да ти забодат, и ти пак ќе се исправиш како дебела сенка пред нив, ќе дозволиш насмевката повторно да блесне на твоето лице и ладнокрвно, уживајќи да гледаш како самите паѓаат во дупките кои ги ископале за тебе, и пак, ќе се свртиш и ќе заминеш повторно да го бараш патот кон безгрижниот свет.
    Утрово седам до прозорецот со весник во рака, зарем единствен проблем во светот е политиката, луѓе?
    А што е со расипаните човечки души? Помислува ли некој на другите нешта кои се уништени?
    Дали сме свесни дека повеќе нема љубов, вистинска љубов?
    Проблемите нема да се решат, но не се откажувам, ќе го најдам оној свет во кој нема лаги, има љубов, нема омраза, а има ДОВЕРБА.
    Дури и кога ќе ја најдам последната станица, нема да се откажам.

    Reply
Leave a reply