Дај шанса на нова романса

Многу личности после попарувањето со млекото, дуваат на маштеницата, односно од себе ги дуваат оние личности кои ги заслужуваат поради оние кои не ги заслужувале и ги повредиле.

Но, зошто да биде тоа така, кога може да биде обратно, погрешните дувнете ги подалеку од себе, а овие вистинските обидете се да ги задржите во вашиот живот.

Наместо да поставувате критериуми кои знаете дека никој нема да ги стигне, поставете критериуми кои ќе одговараат на вашиот живот и вашите особини. Барајте некој сличен на вас.

Не барајте феномен или совршенство бидејќи не постои, ниту вие самите сте феномени, совршени.

Барајте човек, обичен човек кој ќе ве сака на свој, необичен начин. Кога ќе го најдете или тој ве најде вас, не отфрлајте го од страв да не ве попари, можеби тој е оној вистинскиот кој ќе ги дувне сите ваши грижи, сомнежи и солзи во минатото. Можеби тој е човекот што ќе се грижи за вас и ќе ве сака неизмерно секој ден искривувајќи ја таа права линија на вашето лице наречена насмевка.

Затоа наместо да игнорирате, тестирате, искушувате, глумите недостижни и недостапни, сакајте со цело свое срце, како да сакате за прв пат, предадете се целосно, без резерва.

Само така повторно ќе ги почувствувате пеперутките во стомак без да посакате да се напиете инсектицид. Дајте шанса на нова романса, без разлика колку сте повредени.

Можеби таа нова романса ќе ве натера да се преродите и да се чувствувате како нов, неотпакован поклон со панделче на срцето.

Поврзани статии

Pin It on Pinterest

Share This