Related Posts
Comment ( 1 )
  1. Без него,јас сум мртва меѓу живите.

    Беше октомвриска студена ноќ.Ќе излегував.Тогаш за прв пат го видов.Него.Тој за кого никогаш не помислив дека ќе остави дамка на мојот живот која никогаш нема да можам да ја тргнам.Никогаш нема да можам да го заборавам.
    Се се случи случајно.Ни тој,а ни јас мислевме дека ќе се случи нешто меѓу нас.Се се случи набрзина.Неочекувано.Минувавме денови заедно.Цели денови.Во неговите прегратки.Не беше нешто што траеше долго, но и тој мал период беше доволен да стане мое се. За кратко срцето почна да ми трепери секогаш кога ќе го слушнев неговото име.Не го сакав тоа.Не сакав да го слушам неговото име,затоа што знаев дека нема да можам да се тргнам од него.Затоа што знаев дека времето кое го минуваме заедно е со рок на траење.Дека кога тогаш ќе помине.Дека тој ќе замине.Знаев дека тој беше нешто посебно што ми се случува за прв пат во животот.Знаев како ќе ми биде кога него веќе ќе го нема.И сепак се трудев сето време да го поминувам со него…Не знам ни самата зошто.А сега…Сега сме странци.А јас каде и да одам што и да правам се ме потсетува на него.Навечер не спијам.Не сум спиела веќе одамна.Секоја вечер мислам на него.Мислам на моментите поминати со него и се смеам,но со солзи на лицето.Затоа што знам дека никогаш повеќе нема да го видам и да можам да го прегрнам.А би сакала,барем само еднаш да можам за последен пат..И кога ќе заспијам,го сонувам.И се молам на господ никогаш да не се разбудам.Барем во сништата сум со него.Не знам како ќе успеам понатаму во животот.
    Помина веќе некое време.Имав трошка надеж дека можеби ќе го заборавам.Дека можеби ќе можам да бидам како што сум била пред него.Но, не..Никогаш нема да можам да погледнам во некого со истиот сјај во очите со кој го гледав него.Го сакам..Секогаш ќе го сакам.Ми недостига повеќе од се на светов.И понекогаш си помислувам дека можеби еден ден тој ќе се врати.Ново утро, нова надеж. Барем така велат. Но, според мене, не е вистина. Таа реченица лага е. Ова е само уште еден изминат ден со изгубена надеж.Без него,јас сум мртва меѓу живите.

    Reply
Leave a reply