5 Типови на момци кои треба да ги одбегнувате под секој услов

Жените во голем број од случаевите, знаат кои мажи треба да ги одбегнуваат, а со кои да останат и да се обидат да ги задржат. Но, често се случува да го игнорираат својот инстинкт  и да го слушаат срцето кога ќе се заљубат. Тука се заебуваат и завршуваат повредени.

Зошто кога инстинктот ви кажува дека ТОЈ не е добар за вас, вие упорно како пијан за бандера се лепите се повеќе до него, мислејќи дека вие сте ТАА која може да го промени? Како прво, ако го сакате, нема да го менувате. А како второ, зошто би го менувале кога може да го одбегнете уште на почетокот?

Продолжете со читање и откријте ги 5те типови на мажи кои треба да ги одбегнувате. Момци, не грижете се, наредниот текст ќе биде во ваша полза и ќе се однесува на 5 типови на девојки со кои не треба да излегувате под никој услов.

1. Женкарот

Ваквите типови на почетокот ќе ве заведат со својот шарм и ќе направат да се почувствувате како да сте единствената девојка на светот.

Но, по одреден период ќе му здодее врската и ќе почне да бара нова жртва, а тоа вие секако дека ќе го забележите по погледите кои безобразно во ваше присуство им ги упатува на другите девојки.

Кој знае што прави кога е сам, се прашувате? Сигурно не оди в црква да се моли за вашето здравје и прави планови за тоа како да ве запроси, но вие знаевте дека е ваков уште кога во присуство на неговата девојка или девојка за една вечер, започна да ви се додворува на вас, нели?

Сепак, си помисливте дека сте ТАА девојка која може да го промени. Погрешивте затоа што женкарите никогаш не се менуваат, а следен пат кога ќе сретнете ваков, подобро одминете го, наместо повторно да се заебите.

2. Плачи-пичка

Дали дечкото кој штотуку го запознавте уште на почеток започнал да се однесува чудно и да ви кажува дека вашите шеги и наивни навреди го повредуваат? Или пак ви се јавува за да ви каже дека се навредил кога не сте му се јавиле после првиот секс?

Доколку одговорот на овие прашања е потврден, откачете го Господинот “плачи-пичка” затоа што во иднина може да премине во љубоморен и посесивен тип кој прво ќе ве убива од ќотек, ќе ве малтретира психички, за на крајот да пушти солза и да ве убедува да не му раскинете.

Не дека ве сака многу ами за да не го пријавите во полиција. Ваквите врски скоро секогаш завршуваат трагично. Не дозволувајте вакво копиле без самодоверба и цел во животот да го уништи вашиот живот и вашата самодоверба.

3. Господинот “Јас знам се”

Тој секогаш е во право, а вие никогаш не знаете што сакате.

Дури и тоа што кажувате дека го сакате е погрешно, а начинот на кој ги правите работите е исто така погрешен затоа што вашиот Господин “Јас знам се” мисли дека знае се.

Тој секогаш е во право, па дури и кога греши.

Ваквите момци се вистински глупаци и заслужуваат да останат сами до крајот на животот, а најверојатно и ќе останат со нивното однесување.

Секој има свој начин на правење на работите и секој има различна перцепција за тоа што е погрешно, а што правилно. Кој е тој да кажува што е правилно, а што не во ваше име?

Кога ќе намирисате ваков тип, заобиколете го и не дозволувајте шупелка како него да ве прави да се чувствувате недоволно добри за него, кога всушност, тој не е доволно добар за вас.

4. Господинот “Работата ми е прва љубов”

Мажите кои работата ја носат дома и си ја сакаат повеќе од се, никогаш нема да ве сакаат доволно за да ја остават и да ви се посветат колку што е потребно за вашата врска успешно да функционира.

Ваквиот маж практично ќе ве изневерува со работата и секогаш ќе ве потценува поради вашата желба да живеете наместо да се убивате од работа како него. Избегнувајте вакви мажи затоа што првото место во нивниот живот секогаш ќе го завзема работата, а не вие.

5. Нарцисот

Нема ништо полошо од тоа да излегувате или да бидете во врска со нарцис.

Тој е секогаш најубав, се подготвува за излегување 578 часа и сите гледаат во него. Или барем така тој си мисли. И токму поради тоа, си зема право да ве зема здраво за готово.

Ваквите типови се склони кон изневерување затоа што секогаш ќе веруваат дека заслужуваат некоја подобра, поубава или почувствителна од вас, иако тоа никогаш нема да ви го кажат.

Избегнувајте го ваквиот тип на мажи кој се теши дека е заљубен во себе, додека ниската самодоверба го убива секогаш кога ќе остане сам и ќе се загледа во огледалото.

Поврзани статии

Pin It on Pinterest

Share This