3 Причини зошто НИКОГАШ нема да успееш во животот

Тоа што за мене е успех, можеби за тебе е ништо, а тоа што за тебе е успех, можеби за мене е ништо.

И покрај тоа што успехот има различно значење за секој од нас, неминовно е дека некои од нас ќе го постигнат она што го сакаат, а други нема.

Овие вторите треба да ги научат следните 3 причини кои ќе ги спречат да успеат во животот, на било кое поле, за било што, и да ги елиминираат веднаш.

1. Нема да успееш во животот ако продолжиш да отвораш вакви текстови кои ти кажуваат дека нема да успееш

Факт е дека никој не ти помогнал да ги изградиш своите соништа и никој нема право ниту да ти ги руши, ниту пак да ги кажува дека нема да успееш да ги реализираш.

Престани да ги слушаш оние кои ти кажуваат дека нема да успееш и слушај се себеси, затоа што само ТИ го знаеш патот до успехот.

И не отворај текстови кои ти кажуваат дека нема да успееш, затоа што нема да успее само оној кој се откажал од своите соништа и од себеси, а верувам дека ти не си една од тие личности кои лесно се откажуваат од работите кои ги сакаат.

2. Престани да се споредуваш со другите и споредувај се со личноста која си бил вчера

Застани пред огледало и запрашај се, дали си подобар од тоа што беше вчера? Дали научи нешто ново денес, што не си го знаел вчера? Дали направи нешто што си се плашел да го направиш вчера? Дали си личноста која си посакувал да бидеш отсекогаш?

И најважно од се, запрашај се, колку многу го сакаш тоа што сакаш да го постигнеш? Подобро ќе биде одговорот да биде МНОГУ, затоа што во спротивно нема да го добиеш. Престани да се споредуваш со другите луѓе, помалку или повеќе успешни од тебе, без разлика.

Престани да ја споредуваш својата војна со животот со нивната и наостри го копјето. Можеби животот е тежок за победување, но истото важи и за тебе.

Споредувањето со другите може само да ти го одвлече вниманието и да му даде предност на животот да го искористи своето копје против тебе и да те победи.

Фокусирај се, зацртај ја својата ПОСАКУВАНА цел и тргни кон неа. Направи план и не откажувај се.

3. Немаш јасна цел и визија за тоа што сакаш да го постигнеш

Некој некогаш рекол, ако не знаеш каде одиш, нема да стигнеш никаде.

Добро, признавам, јас го реков ова кога не бев сигурна во своите животни одлуки. Но, застанав пред огледало, и се запрашав што НАВИСТИНА сакам да постигнам во животот? Која е мојата цел? Дали сакам да ја остварам од срце? Дали мојата цел повредува други луѓе? Дали сум доволно трпелива за да го реализирам планот до крај? Дали ќе останам ЧОВЕК после реализирање на таа цел?

Откако си ги одговорив овие прашања, сфатив дека да, јас сакам да го направам ова. Јас сакам да сум жива меѓу мртвите која ќе ги оживува сите околу неа. Сакам да напишам книга која ќе им помага на луѓето да оживуваат.

Јас моите прашања си ги одговорив и сфатив дека имам јасна цел и визија како да ја остварам истата. Но, што е со твоите прашања? Дали и ти имаш јасна цел и визија? Дали сакаш да си го оствариш сонот?

Ако одговорот е да, прво запрашај се дали тој сон е пна што ВИСТИНСКИ го сакаш, затоа што за да го оствариш, треба прво да го сонуваш со отворени очи бидејќи таквите соништа секогаш се остваруваат.

Поврзани статии

Pin It on Pinterest

Share This